ЗА НАС


Виндхам Хотел Гроуп е светски најголема и најразновидна хотелска компанија, вклучувајќи околу 7.800 хотели и повеќе од 600 000 соби, во 66 земји под петнаесет хотелски брендови.

Групацијата Рамада Ворлдвајд може да се пофали со над 800 сместувачки објекти во над 63 земји во светот, а Рамада Плаза Гевгелија како дел од неа ги нуди сите услуги кои се специфика за хотел со интернационални стандарди.

Хотел Рамада Плаза Гевгелија е опремен со се што ви треба за да може да уживате во вашиот престој.

Рамада Плаза Гевгелија, луксузен хотел со 5 ѕвезди, лоциран близу Македонско - Грчката граница, располага со грандиозно Принцес Казино, спа центар, внатрешен и надворешен базен за пливање и сали за конференции.

Хотелот нуди раскошен комфор во 123 Делукс и Клуб соби, 4 апартмани, 3 Јуниор апартмани, 1 Претседателски апартман.

Елегантно декорирани, просторни и луксузни, собите располагаат со бесплатен интернет пристап, ЛЦД ТВ со сателитски програми и удобно катче за релаксација. Сите соби имаат бања со посебна када и туш кабина.

Ресторан Артемис нуди богата кујна, топла гостопримливост и удобен амбиент.

Со техничка поддршка, светлосни ефекти, бар со голем избор на пијалаци и коктели, ВИП зони и топ услуги се нешта што вашата забава во ноќниот клуб Некст ќе ја направат незаборавна.

Сауна, топла турска бања и соби за масажи Ве покануваат на уживање и релаксација.

“Со неспоредливиот стандард на услуги и капацитети, Рамада Плаза Гевгелија е идеално место за одмор и деловно патување, како и место за организација на конференции и свечености“.

Вие уживајте во вашиот престој. Останатото оставете го на нас.©